Чешкиот селектор Шилхави: Победивме силен противник, бевме тактички одлични!

Чешкиот селектор Шилхави: Победивме силен противник, бевме тактички одлични!

пред 3 години

Фудбалската селекција на Чешка е најголемото изненадување досега на ЕУРО 2020 со пласманот во четвртфиналето и елиминацијата на еден од фаворитите – Холандија.

Пред многу чешки навивачи во Будимпешта избраниците на селекторот Јарослав Шилхави „ги згазија лалињата“ со 2-0.

„Резултатот говори сам за себе. Измените во нашиот почетен состав покажаа дека се добро направени. Сите тројца покажаа зошто се овде со нас и одиграа одличен меч. Морам да го истакнам и Томаш Вацлик кој ни помогна со величенствената одбрана во вистинскиот момент. Томаш Холеш одигра фантастичен натпревар, придонесе при двата гола. Морам на двајцата да им оддадам признание. Горд сум на тимот. Победивме силен противник, бевме тактички одлични! Драго ми е што до победата дојдовме пред голем број наши навивачи“ вели Шилхави.

Share
Scroll to Top