Чупиќ: Среќен сум во Вардар

Чупиќ: Среќен сум во Вардар

пред 4 години

Иван Чупиќ еден од најдобрите играчи на Вардар и член на генерацијата која во 2019 година втор пат ја освои Лигата на шампионите по пауза од две години реши да се врати во репрезентацијата на Хрватска.

Враќањето во националниот тим беше повод за порталот „Индекс“ да направи интервју со него. Меѓу другото во интервјуто 34 годишникот проговорил и за неговиот престој во Скопје.

„Македонија ми даде многу, но и јас и дадов многу на неа и на Вардар. Тука во Скопје заедно сум со сопругата и децата кои одат во училиште и во градинка. Постигнав големи успеси со Вардар поради тоа ме ценат многу во Македонија. Најважно е што моето семејство е среќно во Скопје, сè додека е тоа така и јас ќе бидам среќен“, рекол Чупиќ.

Share
Scroll to Top