Шевченко: Европската Суперлига би го убила фудбалот!

Шевченко: Европската Суперлига би го убила фудбалот!

пред 4 години

Легендарниот украински фудбалер, Андреј Шевченко е голем противник за Европска Суперлига во која би играле само најдобрите клубови во Европа.

Шевченко кој е селектор на Украина смета дека лигата на европските гиганти би и наштетила на неговата земја, но генерално и на целиот источен блок.

„Идејата за Европска Суперлига би го убила фудбалот кој денес го имаме. Државите како Украина би пателе и само елитните клубови би имале корист. Мораме да се фокусираме на развојот на сите“ напиша Шева на Твитер.

Шевченко во кариерата најголемата трага ја остави во Милан, за „росонерите“ постигна дури 175 гола. Во кариерата играше и за Динамо Киев, а со фудбалот заврши во Челси.

Share
Scroll to Top