Шкупи и „дише во врат“ на Шкендија

Шкупи и „дише во врат“ на Шкендија

пред 4 години

Гол вреден 3 бода за напад на лидерската позиција на табелата во ПМФЛ постигна Шкупи на гостувањето во Струмица кај екипата на Академија Пандев. На 11 минути пред крајот на мечот со голот на Дарбо чаирскиот прволигаш стигна до нова победа со која се доближи на само 2 бода од лидерот Шкендија.

Крајно драматично и ефикасно беше денеска во Кратово каде Силекс со голот на Мустафов во 94 минута победи со 4-3.

Струга Трим Лум без поголеми проблеми славеше домашен триумф против аутсајдерот Беласица, а најнепопуларното реми 0-0 го одиграа Ренова и Пелистер.

Во Велес Борец го освои целиот плен против Македонија ЃП, по 90 минути борба мечот заврши 2-1.

Ова се денешните резултати 9. коло:
Ренова – Пелистер 0-0
Струга Трим Лум – Беласица 3-0
Борец – Македонија ЃП 2-1
Академија Пандев – Шкупи 0-1
Силекс – Работнички 4-3
Вчера
Вардар – Шкендија 1-5

Лидер на прволигашката табела е Шкендија со 21 бод, два повеќе од Шкупи и 5 позитива пред третопласираната Македонија ЃП.
Фото: FC Shkupi-FB

Share
Scroll to Top