Шпанските клубови ја најдоа „финтата“ да ги спречат головите на Меси од слободен удар

Шпанските клубови ја најдоа „финтата“ да ги спречат головите на Меси од слободен удар

пред 3 години

Клубовите во Шпанија очигледно нашле „рецепт“ да го спречат Лионел Меси да постигне голови од слободен удар, откако статистиката вели дека во последните 62 обиди од вакви ситуации, не постигнал ниту еден гол.

Во 2019 година тој го постигна својот 50. гол од слободен удар и имаше просек од најмалку 4 гола од ваква позиција секоја сезона, но сега шпанските клубови најдоа успешен рецепт – таканаречен трослоен ѕид – само тројца фудбалери во вистинскиот ѕид блокирајќи директен удар, зад нив пред голманот четири фудбалери кои стојат на различни агли, и уште двајца играчи на линијата, од страната на голманот.

Секако, ова не е единствениот проблем на 33-годишниот Меси и Барселона оваа сезона. По летото во кое се обиде неуспешно да замине од клубот, тој уште е лидер на Каталонците, но головите доаѓаат многу поретко.

Share
Scroll to Top