Шпанците го продадоа Суперкупот, ќе се игра во Саудиска Арабија

Шпанците го продадоа Суперкупот, ќе се игра во Саудиска Арабија

пред 4 години

Суперкупот на Шпанија, до крајот на оваа деценија нема да се игра во државата. Фудбалскиот сојуз на Шпанија договори Суперкупот, до 2029 година, да се игра во Саудиска Арабија.

„Марка“, објави дека Фудбалскиот сојуз на Шпанија од овој договор ќе заработи помеѓу 240 и 300 милиони евра.

Суперкупот на Шпанија во 2019 година се одигра во Саудиска Арабија, а поради коронавирусот во 2020 година не се одржа, а оваа година наместо на блискиот исток се одигра во Севилја.

Share
Scroll to Top