Ѓоковиќ во одбрана на својот татко по нападите кон Федерер

Ѓоковиќ во одбрана на својот татко по нападите кон Федерер

пред 4 години

Новак Ѓоковиќ не сакаше да ги осуди коментарите кои неговиот татко Срѓан Ѓоковиќ ги упати кон швајцарскиот ривал Роџер Федерер, нарекувајќи го „одличен тенисер, но лош човек“.

„Пред 15 години, Федерер го нападна мојот син кога тој имаше 18 или 19 години. Знаев дека некој е подобар од него. Кажав дека Федерер е голем шампион, но не е добар човек“, изјави постариот Ѓоковиќ.

По камбекот со победа на Мастерсот во Монте Карло, Ѓоковиќ вели дека не се согласува секогаш со изјавите на неговиот татко, но дека секогаш стои зад него.

„Го сакам, тој ми е најголемата поддршка. Не можам да контролирам што кажува, бидејќи секој има право да го каже своето мислење и не се согласувам со сите работи кои ги кажува. Тој е страствен човек и сака да ме заштити, така што секогаш сум зад него“, вели Новак.

Таткото на Ѓоковиќ: Сакаме Федерер да игра уште 5-6 години за да губи од Новак

Таткото на Ѓоковиќ се жали: Како е возможно Федерер 15 пати да биде најфер играч!

Share
Scroll to Top