Ѓоковиќ во посета на Босанските „пирамиди“: Луѓе, дојдете и уверете се!

пред 3 години

По поразот во финалето на Ролан Гарос од Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ замина во посета на Високо во Босна и Херцеговина каде што „истражувачот“ Семир Османагиќ тврди дека се Босанските „пирамиди“.

„Знаете, ние на Балканот имаме големо благо. Семир веќе 15 години го објаснува тоа научно. Кој не верува и се сомнева дека нешто е претставено погрешно, може да дојде и да се увери. Јас не би зборувал стручно, бидејќи тоа е задача на Семир. Би ги поканил сите спортисти да дојдат и да поминат малку време во тунелите кои го зголемуваат кислородот во белите дробови, помагаат на регенерацијата. Посебно, на елитните спортисти кои имаат напор целата година. Пирамидите и тунелите се вистинска работа“, вели Ѓоковиќ.

Ова не е првпат Ѓоковиќ да е поврзуван со псевдо-наука, по контроверзните изјави дека со умот може да се менува чистотата на водата.

Ѓоковиќ предмет на потсмев за тврдењата дека со умот може да ја менува храната

Share
Scroll to Top