Ѓоковиќ: Додека имам желба ќе играм, годините не се пречка!

Ѓоковиќ: Додека имам желба ќе играм, годините не се пречка!

пред 3 години

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ има полни 33 години, но и понатаму е број 1 на АТП листата.

Иако е рекордер по бројот на Мастерс титули во кариерата, ќе треба да се потруди да ги стигне Надал и Федерер кои имаат 3 грен слен титули повеќе од него.

„Не ги гледам годините како проблем, можеби имам уште една, можеби 2 или 3 години пак да освојувам грен слем титули. Секако, морам од следната сезона да сум потактичен во креирањето на својот распоред за тоа на кои турнири можам да играм, да ми се приоритет, а каде да го достигнам врвот“ рече Ѓоковиќ пред заврниот турнир во Лондон.

Вели дека се уште му е голема желбата за тенис.

„Се додака ми е присутна желбата, со оглед на тоа што сум со добро здравје и имам поддршка од семејството, ќе продолжам да играм. Не гледам на тоа како на обврска, не се работи ниту за финансиите, ниту за било што слично. Уживам и сакам да се натпреварувам на највисоко ниво. Се додека така се чувствувам, ќе сум тука, засега не поставувам конкретен датум“ порача Ѓоковиќ.

Share
Scroll to Top