Ѓоковиќ пак на „полнење батерии“ кај Босанските „пирамиди“

Ѓоковиќ пак на „полнење батерии“ кај Босанските „пирамиди“

пред 3 години

Светскиот рекет број 1, Новак Ѓоковиќ по поразот на САД опен реши да се одмори во Високо, Босна и Херцеговина, на гости кај Семир Османагиќ, контроверзниот промотер на идејата за пирамидите во БиХ.

Ѓоковиќ пристигнал во Босна и Херцеговина вчера и веднаш заминал во Високо, каде што бил пречекан од основачот на археолошкиот парк „Босанска пирамида на сонцето“, Османагиќ, кој на социјалните мрежи се пофали со дружбата.

„До Јелена од Новак и Семир. Со љубов од Високо“, стои во пораката до сопругата на Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Ѓоковиќ во посета на Босанските „пирамиди“: Луѓе, дојдете и уверете се!

Share
Scroll to Top