Ѓоковиќ по победата над Зверев го цитираше Коби Брајант

Ѓоковиќ по победата над Зверев го цитираше Коби Брајант

пред 3 години

Новак Ѓоковиќ, го победи Алкесандар Зверев, избори пласман во финалето на Ју-ес опен. Најдобриот светски тенисер 31.пат во кариерата ќе се бори за гренд слем трофеј.

По победата од 3:2 Ѓоковиќ ја цитираше изјавата на Коби Брајант од 2009 година. Рекол дека тоа интервју му помага да остане фокусиран.

„Во тоа интервју, по водството на Лејкерси од 2:0 во серијата, тој рече: ‘Зошто сега да бидам задоволен? Работата не е завршена’. Тој им беше идол на милиони спортисти. Таков став имам и јас. Мотивацијата и возбудата се тука. Можеби како никогаш досега. Има уште еден меч“, рекол Ѓоковиќ.

Новак Ѓоковиќ за титулата ќе се бор во недела против Данил Медведев.

Share
Scroll to Top