Јовиќ: Ова е само почеток…

Јовиќ: Ова е само почеток…

пред 3 години

Лука Јовиќ е главна вест во германските и шпанските медиуми. Напаѓачот на Реал, се врати во Ајнтрахт каде ќе игра до крајот на сезоната, на дебито одигра 32 минути и постигна два гола. Ајнтрахт на крајот славеа со 3:1 против Шалке.

„Чувството е неверојатно. Победа, два гола. Не можев да замислам подобро враќање. Се надевам дека ова е само почеток и дека најдоброто доаѓа. Благодарам за поддршката“, рекол Јовиќ.

Репрезентативецот на Србија откри на кого му ги посветил головите.

„Првиот гол сакам да му го посветам на големиот професионалец, неверојатниот лидер, вистинскиот пријател, големиот човек, со кого ми беше чест што го делев теренот, нашиот капитен Давид Абрахам. Вториот гол му го посветувам на големиот навивач на Ајнтрахт, кој неодамна почина и зад себе ги остави сопругата и третите деца. Почивај во мир“, нагласил Јовиќ.

Лука Јовиќ, пред 18 месеци, за сума од 60 милиони евра, од Ајнстрахт се пресели во Реал. Во Мадрид не успеа да се наметне, одигра 32 натпревари на кои постигна два гола.

Share
Scroll to Top