Јокиќ немоќен пред Јанис и Мидлтон, трипл-дабл на Леброн

Јокиќ немоќен пред Јанис и Мидлтон, трипл-дабл на Леброн

пред 3 години

Јанис, Јокиќ, Леброн, Дончиќ, Бил удрија печат на натпреварите во НБА лигата. Дербито им припадна на Милвоки Бакс, кои славеа над Денвер Нагетс 125:112.

Јанис Адетокумбо, со помош на Крис Мидлтон, го неутрализираа Јокиќ, кој одигра уште еден брилијантен меч, но неговиот тим не успеа да победи.

Адетокумбо постигна 30 поени, Мидлтон еден помалку за Бакс, кои прашањето на победникот го решија на стартот од последниот период со серијата 11:3.

Јокиќ на спротивната страна забележа 35 поени, 12 скока и 6 асистенции.



ЛА Лејкерс играа продолженија пртив Оклахома. На крајот победија со 119:112. Леброн Џејмс го предводеше тимот со 28 поени, 14 скока и 12 асистенции. За Леброн ова беше третиот трипл-дабл оваа сеозна.

Далас, по серијата од пет победи, односно седум порази на осум натпреварите, успеаја да врзат два триумфи. Маверикс ја победија Минесота со 127:122. Далас имаа предност од 25 поени, Минесота ја намалија разликата на три поени, но немаа сили за пресврт. Дончиќ забележа 26 поени, 8 скока и 5 асистенции, со 27 поени Далас го предводеше Кристапс Прозингинс.

Вашинготн победија во Чикаго со 105:101. Бредли Бил, во последните 10 секунди и го реше прашањето околу победникот. Бил мечот го заврши со 35 поени.

Share
Scroll to Top