Јунајтед летниот пазар ќе го завршат со Варан и Каваминга

Јунајтед летниот пазар ќе го завршат со Варан и Каваминга

пред 3 години

Манчестер јунајтед веќе дадоа 73 милиони фунти за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо, а се подготвени летово да додадат уште 75 милиони фунти за да го комплетираат „ремонтот“ со трансферот на Рафаел Варан од Реал Мадрид (50 милиони фунти) и Едуардо Камавинга од Рен (25 милиони фунти), тврдат британсктие медиуми.

Според „Марка“, Јунајтед се блиску до договор со Реал Мадрид за трансферот на Варан, чиј договор завршува на крајот на сезоната. Иако „ѓаволите“ обично сакаат да купуваат млади фудбалери во одбраната (Линделоф и Баји имаа по 22 години), Оле Гунар Солскјер смета дека 28-годишниот Варан ќе донесе цврстина во одбраната во партнерство со Хери Мегваер по многуте грешки минатата сезона.

18-годишниот Камавинга пак, се смета за еден од најталентираните фудбалери од средниот ред, откако игра во првиот тим на Рен од својата 16. година, а дел е и од француската репрезентација. И неговиот договор завршува следната година, така што се верува дека Рен ќе ја намалат сумата од 60 милиони фунти која ја бараа во јануари.

Share
Scroll to Top