„Џетменот“ Рефе загина при летање во Дубаи

„Џетменот“ Рефе загина при летање во Дубаи

пред 3 години

Францускиот падобранец и „летач“, Винс Рефе, член на славниот „Џетмен Дубаи“ тим, познат по своите неверојатни трикови, загина во несреќа на тренинг во Обединетите Арапски Емирати.

36-годишниот Рефе, беше познат по неговите бестрашни летови со закачени мотори на грбот нд Дубаи, но и над француските Алпи. Трагедијата се случила во вторникот, кога Рефе тренирал во пустината во близината на Дубаи, но деталите не се откриени.

Рефе стана атракција на Интернет со своите бестрашни потези, а во 2014 година постави рекорд со скок од Бурж Калифа, највисоката зграда на светот (829.8 метри).

Share
Scroll to Top