Џо Кол: Челси пред Жозе беше убав клуб, тој не направи одвратни!

Џо Кол: Челси пред Жозе беше убав клуб, тој не направи одвратни!

пред 3 години

Поранешниот крилен фудбалер на Челси и на англиската репрезентација, Џо Кол со критики за менаџирањето на Португалецот Жозе Мурињо додека тој беше на кормилото на Челси.

„Го мразевме Ливерпул, го мразевме и Манчестер Јунајтед. Жозе не направи такви. Не направи одвратни“ рече Кол во поткастот кај Џејми Карагер – „The Greatest Game”.

„Челси пред Жозе беше убав клуб. Фини играчи, противниците сакаа да играат против нас, а после да се забавуваат во Лондон. Жозе сето тоа го следеше и рече `Сакам од овие да направам тим против кој нема да може да се игра и сите ќе ме мразат“ вели Џо Кол.

Асоцијација на Англичанецот на тој „одвратен“ фудбал се пресметките против Ливерпул на Рафа Бенитез.

„И Ливерпул беше одвратен ривал, но ние бевме поодвратни. Тоа беа сра.е натпревари. Веројатно би уживал само некој италијански тренер. Немаше простор за игра, тргни – застани, ужасно. Не се сеќавам на ништо од тие мечеви“ вели Кол.

Но се сеќава колку било тешко да се „поднесе“ Мурињо, посебно по поразот од Барселона во првиот осминафинален меч во 2005 година во ЛШ.

„Кога загубивме на `Ноу Камп` цел час не критикуваше, еден по еден. Не `распнуваше на крст`. Дојде до мене и кога мислев дека ќе ме удри, мене и на Демијан Даф ни рече `Вие бевте ОК` – се потсетува Џо Кол.

Во 2007 година Мурињо беше отпуштен од Челси, а Кол во клубот остана до 2010 година.

Share
Scroll to Top