14-годишната Хончан златна во скокови во вода

14-годишната Хончан златна во скокови во вода

пред 3 години

Кинеската Кван Хончан, го освои златниот медал на Олимписките игри, во скоковите во вода. од 10-метарската платформа.

14-годишното девојче, со сите пет скока, го воодушеви светот, освои најмногу поени и заслужено се искачи на највисокото скалило на пиедесталот. Интересно, сите шест судии, нејзиниот втор скок го оценија со десетка. Највисоки оценки доби и за скокот во последната, петта серија.

Хончан е најмладата во кинеската експедиција во Токио.

Веднаш до неа беше сонародничката Јукси Чен, додека бронзата и припадна на Австралијката Мелиса Ву.

Share
Scroll to Top