Агентот на Хабиб: Мекгрегор е скапа проститутка, следна борба ќе му биде со Кардашијанс

Агентот на Хабиб: Мекгрегор е скапа проститутка, следна борба ќе му биде со Кардашијанс

пред 4 години

Али Абделазиз, менаџерот на Хабиб Нурмагомедов, отвори стари рани со брутални коментари кон ирскиот ривал Конор Мекгрегор, објаснувајќи дека како што тргнал Ирецот ќе заврши во ринг со сестрите Кардашијан, и потврди дека Хабиб одбил 100 милиони долари за дуел со Флојд Мејведер.

Зборувајќи со Мајк Тајсон на неговото шоу, Абделазиз вели дека Хабиб постојано добива богати понуди за враќање.

„На Хабиб му нудеа 100 милиони долари за меч со Флојд Мејведер. Прашајте го него. Но, Хабиб кажа дека е пензиониран и дека ќе го исполни ветувањето дадено до неговата мајка. ‘Да ми каже мајка ми да се борам пак, ќе размислам’, така ми одговори. Тој додаѓа од муслиманска култура, ние ги почитуваме нашите мајки најмногу на светот и без нивна дозвола нема ништо“, вели Абделазиз.

Тој потоа се „наврте“ на Мекгрегор, кој во последно време е попознат по богатите бизнис-зделки отколку по активноста во октагонот.

„Сега Мекгрегор пак ќе се бори со Поаире, и најверојатно пак ќе се откаже. За нас, тој е нерелевантен. Како скапа проститутка. Тој е убавата девојка со која можеш да излезеш. Не сфаќаат дека Конор Мекгрегор не победил три години. Кој ќе биде следен? Џејк Пол? Кардашијанс? Такви работи…“, додава Абделазиз.

 

Share
Scroll to Top