Арсенал за 50 милиони фунти купи стопер од Брајтон – англиски репрезентативец

Арсенал за 50 милиони фунти купи стопер од Брајтон – англиски репрезентативец

пред 3 години

По само една сезона во Премиерлигата и два настапи за „Гордиот Албион“, младиот 23-годишен стопер Бен Вајт го договори трансферот на кариерата. Од Брајтон се сели во Арсенал за 50 милиони фунти.

„Скај спорт“ јавува дека двата клуба веќе постигнале договор и сега остануваат само формалностите. Се очекува Вајт на 26 јули да ги направи лекарските прегледи и да се приклучи на таборот на Микел Артета.

Вајт почна во Саутемптон, но во 2014 година премина во редовите на Брајтон. Таму ги помина младите категории, па следуваа позајмици во Њупорт, Потерборо и Лидс Јунајтед. Минатата сезона беше стандарден во одбраната на Брајтон, а пред самото ЕП доби повик и од Герет Саутгејт.

Одигра само два подготвителни меча. Не одигра ниту минута на ЕУРО2020.

Share
Scroll to Top