Барса и Јувентус повторно ќе си разменат фудбалери

Барса и Јувентус повторно ќе си разменат фудбалери

пред 4 години

Јувентус и Барселона повторно ќе се разменат фудбалери и повотрно во главна улога треба да биде Миралем Пјаниќ. Минатото лето, Пјаниќ се пресели во Барселона, а Артир во Јувентус. Босанецот не ги исполни очекувањата, нема настап за Барселона од февруари и сигурно ќе замине од „Ноу Камп“.

Радио Монте Карло, тврди дека Пјаниќ би се вратил во Јувентус, а во Барселона би пристигнал Родриго Бентакур.

Овој извор тврди дека изминатите недели клубовите преговарале за оваа размена, но дека не успеале да се договорат. Клубовите оставиле можност размената да се случи по завршувањето на сезоната.

Share
Scroll to Top