Поранешниот претседател на Барселона, Џосеп Марија Бартомеу, негира дека тој на „Мундо Депоритиво“ им ја доставил информацијата за договорот на Лионел Меси. Овој медиум, вчера објави дека во 2017 година, кога Меси последен пат го продолжил договорот со Барселона, клубот се обврзал до 30.јуни 2021 година да му исплати бруто плата во износ од 555.237.619 евра.
Барселона и Меси, веднаш откако информацијата се појави во јавноста, најавија тужби против „Мундо Депортиво“, но и против Бартомеу и неговите најблиски соработници, актуелниот в.д. претседател Карлес Тускетс, Оскар Грау и Џорди Местре.
Меси, ќе поднесе поднесе тужби против сите, бидејќи копии од договорот имале само Бартомеу, неговите соработници и адвокатите на фудбалерот.
„Не е точно дека јас ги открив деталите од договорот на Меси. Лео го заслужил сето тоа. Да не беше пандемијата Барса совршено ќе функционираше“, порачал преку соопштение Бартомеу.
„Мундо Депртиво“ не се исплашени од најавените тужби, тие и денес објавија текст поврзан во кој откриваат детали за договорот.
Барселона на Меси, за неговата лојалност, треба да му исплати 39.000.000 евра и тоа до 15.јули, односно две недели по истекот на договорот, кога тој може да биде и фудбалер на друг тим.
Колку и да се сумите во договорот на Меси големи, вината не е негова. Некој во клубот , договорил тој да добие бонус за лојалност и во ситуација да не е играч на Барселона. Јасно е дека Бартомеу и неговите соработници во 2017 година биле сигурни дека Меси кариерата ќе ја заврши на „Ноу Камп“.
Но, најдобар пример, дека не знаеле да работат и да преговараат е случајот со Нејмар. Бразиелцот го чекаше 1.август 2017 година за да добие бонус за лојалност од 40.000.000 евра, а два дена подоцна замина во ПСЖ.