Фудбалската репрезентација на Франција како првопласирана ја заврши групата Ф на ЕУРО 2020 откако „триколорите“ синоќа во Будимпешта ремизираа 2-2 против Португалија на Кристијано Роналдо.
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема кој по безмалку 6 години се врати меѓу „галските петли“ синоќа ги постигна двата гола за својата селекција.
Интересен е податокот дека Бензема и првиот гол од пенал, и вториот од игра ги постигна буквално во иста минута и иста секунда од мечот – 46 минута и 44 секунда: