Биелса планира да остане во Лидс до крајот на животот

Биелса планира да остане во Лидс до крајот на животот

пред 4 години

Марсело Биелса вели дека оди на работа со Лидс јунајтед претпоставувајќи дека ќе ја има таа работа до крајот на животот, одговарајќи на прашањата зошто не го продолжи договорот со новиот премиерлигаш.

65-годишниот Биелса стана миленик на навивачите на Лидс откако го презеде клубот во 2018, враќајќи ги во Премиер лигата и секогаш нудејќи забавен фудбал без разлика на резултатот. Но, популарниот „Ел локо“, секогаш потпишува само едногодишни договори во својата кариера и тоа нема да го смени сега.

„Секогаш мислам дека ќе останам на мојата работа засекогаш и според тоа, мислам дека ќе бидам во Лидс до крајот на животот. Во исто време, ова е професија во која има прекини, и почесто тренерите добиваат откази отколку што остануваат“, вели Биелса.

Ако потпише нов договор, следната сезона ќе биде четврта на клупата на Лидс, еден од најдолгите престои во неговата кариера. Само од 1998 до 2004, кога беше селектор на Аргентина и во првата работа како младински тренер на Њуел Олд Бојс во 1980-тите и 1990-тите тој останал подолго на едно место.

Share
Scroll to Top