Валенсија цел натпревар играше со 10 играчи, но ги победи Хетафе

Валенсија цел натпревар играше со 10 играчи, но ги победи Хетафе

пред 3 години

Валенсија ја отвори новата сезона во Ла лига со 1:0 победа над Хетафе, иако од третата минута од мечот играше со 10 играчи на „Месталја“.

Уго Гијамон само што почна мечот, имаше еден „камиказе“ фаул над противнички фудбалер, по што оправдано му беше покажан патот кон соблекувалната.

Сепак, „лилјаците“ успеаја да стигнат до водство, кога во 11. минута, Карлес Солер беше прецизен од белата точка за водство на домаќините. До крајот на мечот, Валенсија се бранеше, а гостите имаа над 70 отсто од поседот на топката, но не успеаја да го најдат патот до голот. За да се воспостави рамнотежа на теренот се погрижи уругвајскиот дефанзивец на Хетафе, Ерик Кабако, кој во 76. минута од мечот го доби вториот жолт картон.

Share
Scroll to Top