(Видео) „Децата“ на Флик го победија Манчестер сити во Орландо

(Видео) „Децата“ на Флик го победија Манчестер сити во Орландо

пред 5 месеци

Во сенка на најголемиот спортски настан, Олимписките игри, најдобрите светски клубови се подготвуваат за новата сезона.

Актуелниот шампион во Премиер лигата Манчестер сити играше против Барселона во Орландо. По 90 минути беше 2:2, а Барса победи со 4:1 на пенали.

Новиот тренер на Барселона, Ханси Флик, на Пеп Гвардиола, му спротивстави тим во кој само Клемон Ленгле беше постар од 22 години. На другата страна беа Ерлинг Холанд, Џек Грилиш, Матео Ковачиќ, Калвин Филипс, Јошко Гвардиол, Едерсон.

Барса поведе во 24. минута со голот на 22-годишниот Пау Виктор. 19-годишниот Нико О’Рајли постигна гол за израмнување за „Граѓаните“ на асистенција на Гвардио во 39. минута. До полувремето, во втората минута од судиското надополнување, Барса дојде до ново водство, а стрелец беше 21-годишниот Пабло Торе.

Во вториот дел беше постигнат само еден гол. Израмнија во 60.минута Џек Грилиш.

Во пенал серијата за Барса прецизни беа сите четворица Левандовски, Дарвич, Балде и Фернандеш. На другата страна првите два пенали не ги реализираа Филипс и Рајт, погоди само Ахмед Фатах.

Ова е трет претсезонски пораз за Сити, претходно беа порзени од Селтик и Милан, а следниот и последен контролен натпревар ќе го одиграат против Челзи во сабота. Нешто подоцна, ноќта меѓу сабота и недела, Барса игра и во САД против Реал Мадрид.

Share
Scroll to Top