Неверојатна ситуација го обележа натпреварот од црногорското фудбалско првенство меѓу Јединство и Дечиќ.
Натпреварот во Бијело Поље, како што објавија медиумуте во оваа земја, ја обележа најскандалозната судиска одлука. Судиите признаа фантомски гол.
Во 40. минута фудбалерот на Дечиќ, Ренаго Аугусто шутираше со глава, а голманот на Јединство рутински ја фати топката, пред гол-линијата.
Сепак, главниот судија на асистенција на помошникот сигнализираше дека се работи за гол и дека топката со целиот обем влегла во голот.
Во црногорскиот фудбал нема гол технологија, нема ни ВАР, па домашните играчи мораа да ја прифатат скандалозната одлука на судијата кој и покрај протестите покажа на центарот.
Сепак, Јединство во продолжението од натпреварот успеа да израмни со голот на Армин Бошњак и со тоа да избегне пораз.
U #CrnogorskiFudbal ovo je gol
Na svijet’ ga nema! pic.twitter.com/vgY2g1T9us
— CGsport.me (@cgsportme) September 14, 2024