Волф: Ред бул им нудат неверојатни суми на инженерите на Мерцедес

Волф: Ред бул им нудат неверојатни суми на инженерите на Мерцедес

пред 4 години

Одговарајќи на тврдењата дека Мерцедес понудил двојно повисоки плати на своите инженери во обид да го спречат „егзодусот“ во Ред бул, шефот на Мерцедес, Тото Волф вели дека ривалите им нуделе „бројки од лотарија“ на неговите вработени.

„Ред бул пауертрејнс“, новата компанија на Ред бул, која ќе ги развива моторите на Хонда по нивното повлекување на крајот на сезоната, почна со градење на инженерскиот тим со ангажирање на Бен Хоџкинсон од Мерцедес, а Волф признава дека тие ќе загубат околу 15 инженери до крајот на сезоната.

„Се работи за природен избор. На нашите инженери им се нудат бројки од лотарија за да потпишат, иако некои одбиваат. Добро е да се види лојалноста на одреден број на луѓе, бидејќи секогаш сме давале важност на тоа. Да е удвојат платите е едно нешто, но кога нудиш тројно повеќе пари знаеш дека не можеш со тоа. Сепак, секоја чест на Ред бул, бидејќи имаат тешка задача пред нив и сакам да имам битка со нивните мотори“, вели Волф.

Share
Scroll to Top