Француските тенисери, Никола Мау и Пјер Иг Ербер, ја освоија титулата на Ролан Гарос.
На домашен терен, Мау и Ербер во финалето ја победија двојката од Казахстан, Александар Бублик и Андреј Голубјев со 4/6, 7/6, 6/4. Мечот траеше два часа и 10 минути.
Ова е втора титула за Мау и Ербер на Ролан Гарос. Претходно победија во 2018 година.
Французите досега имаат четири заеднички гренд слем трофеи.