Газдата на Маверикси забранил да се свири американската химна во Далас

Газдата на Маверикси забранил да се свири американската химна во Далас

пред 4 години

Сопственикот на НБА тимот Далас Маверикс, Марк Кјубан забранил да се интонира националната химна на САД во „Америка ерлајнс арената3 пред мечевите на неговиот тим.

Кјубан во разговор со американските новинари само им ја соопштил таа вест и не се впуштил во понатамошни објаснувања зошто се решил на тој чекор.

Во сите американски спортови, било да се професионални или колеџ-категорија правило е пред секој меч да се интонира американската химна.

Сепак, комесарот на НБА, Адам Силвер го „ублажи“ правилото па на тимовите поради пандемијата им дозволи сами да ги организираат мечевите.

Маверикси првите 10 меча оваа сезона на домашен терен ги играа пред празни трибини, додека на мечот со Минесота на трибините имаше 1.500 вакцинирани работници кои извршуваат основна услуга (essential workers).

Интонирањето на химната пред спортски натпревари во САД послужи како можност бројни спортисти да обрнат внимание на проблемите со расизмот, а добар дел од нив не клекнуваа при интонирањето на националната песна.

Кјубан уште минатата година ги поддржа играчите кои одлучија да не клекнат доколку се разбира, на тој начин не искажуваат некое непочитување.

Марк Кјубан е еден од 200 најбогати луѓе во САД според листата на Форбс. Тој беше еден од големите противници на сега поранешниот претседател, Доналд Трамп.

Share
Scroll to Top