Генералниот директор на Ферари, Луис Камилери, објави дека се повлекува од функцијата. Камилери две години ја извршуваше оваа функција.
Камилери, објавил дека се повлекува од приватни причини. Тој во изминатиот период две недели мина во болница, откако беше заразен со коронавирусот.
„Ферари беше дел од мојот живот. Привилегија за мене беше што можев да работам во Ферари. Им се восхитувам на сите луѓе кои работат во Маранало. Горд сум на успесите што ги постигна компанијата од 2018 година. Знам дека најдобрите години за Ферари доаѓаат“, рекол 65-годишниот функционер, кој во исто време се повлече и од функцијата претседател во компанијата Астон мартин.
До именување на нов генерален директор, замена за Камилери ќе биде првиот човек на италијанскиот гигант, Џон Еклан.