Џастин Гетлин наредната недела ќе стави крај на кариерата која беше исполнета со бројни скандали. Освојувачот на пет медали во спринт, олимпискиот шампион од Атина во 2004 година, кариерата ќе ја заврши на 14.септември, на митингот во Белнцина.
На последната трка на 39-годишниот атлетичар, ќе настапат олимпискиот првак од Токио на 100 метри, Фред Керли, односно златниот на 200 метри во Токио, Андре де Грас.
Најблескавите моменти во кариерата, Гетлин ги доживеа во Атина. На Олимписките игри во 2004 година, освои злато на 100 метри, бронза во штафетата 4×100 метри и бронза на 200 метри.
Поради користење на допинг, во 2006 година, доби четири годишна суспензија.
Кога се врати на тартанот, го забележа вториот најдобар резултат во историјата (9,80 секунди).
Најголема победа во неговата кариера се случи во 2017 година, кога на Светското првенство во Лондон, го освои златниот медал на 100 метри. Во финалето тој успеа да го победи Јусеин Болт.