Група маскирани лица упаднале во имотот на фудбалерот на Валенсија, Џастин Клајверт, и одзеле вредни работи во вредност од 200.000 евра. Шпанските медиуми пишуваат дека провалниците внимателно го испланирале упадот, бидејќи претходната вечер ги исклучиле алармите.
При упадот и грабежот нападната е девојката на Џастин Клајверт и уште едно лице, тие се полесно повредени.
Овој криминален чин се случи додека Клајверт гостуваше со тимот во Мајорка.
„Тројца со качулки упаднале во куќата, а жртвите изјавиле дека кај напаѓачите забележале англиски акцент. Ја нападнале неговата девојка и ја тепале додека таа не открила каде им се вредните предмети. За среќа, се покажало дека повредите се од полесна природа. Крадците одзеле накит, часовници и пари со вкупна вредност од околу 200.000 евра, проценува полицијата“, наведува „Марка“.
Шпанските медиуми објавија дека објави холандскиот фудбалер бил во шок, но по консултација со својата девојка, сепак останал во тимот на дуелот од Ла Лига против Мајорка.