Гринвуд не се ангажира на тренинзите, „ѓаволите“ вријат од нервоза

Гринвуд не се ангажира на тренинзите, „ѓаволите“ вријат од нервоза

пред 4 години

Младиот 19-годишен офанзивец во Манчестер Јунајтед, Мејсон Гринвуд недоволно се ангажира на тренинзите, јавува угледниот „The Athletic“. Тој не беше во ростерот на Солскјер за дуелот со Евертон минатата сабота кога Јунајтед славеше нагости со 3-1.

Причина поради која Гринвуд не бил во составот за овој дуел бил слабо одработениот тренинг претходниот ден. Од клубот наводно се сомневаат дека младиот играч не спие доволно, загрижени се за неговите активности надвор од теренот.

„The Athletic“ пишува дека тренерот Солскјер ова му го кажал и на англискиот селектор, Саутгејт кој поради тоа не смета на услугите на фудбалерот на ноемвриските квалификации.

Гринвуд веќе покажа дека има проблеми со дисциплината кога се работи за игрите во селекцијата. Со Фил Фоден од Манчестер Сити донеле две девојки во хотел на Исланд и со тоа го прекершиле протоколот поради коронавирусот.

Неодамна „The Guardian“ објави дека неколку пати задоцни на клупски активности поради што ги пропушти гостувањата кај Њукасл и ПСЖ.

Share
Scroll to Top