Дани Алвеш се кае што ги одбил Манчестер сити

Дани Алвеш се кае што ги одбил Манчестер сити

пред 4 години

Дани Алвеш во својата кариера освои најмногу трофеи од било кој друг фудбалер на планетата, но признава дека жали што во 2017 година ја пропуштил шансата да се пресели во Манчестер сити и повторно да заигра под Пеп Гвардиола.

Еден од најдобрите бекови во историјата на фудбалот, таа година се подготвуваше да замине од Јувентус по само една сезона, но ја одби понудата од Сити, за да замине во Пари Сен-Жермен кај сонародникот Нејмар. Тој таму освои шест трофеи во две сезони, но признава дека требало да заврши во Сити.

„Жалам што не завршив во Манчестер сити за да работам повторно со Пеп Гвардиола. Кога си со таков човек, кој секогаш наоѓа начин да победи, ти дава поинаква димензија на твојата игра. Требаше да играм под него повторно, иако не жалам за ПСЖ, бидејќи таму имав добри две сезони“, вели Алвеш, кој сега игра во Сао Пауло, а неодамна доби нов повик за враќање во бразилската репрезентација.

Share
Scroll to Top