Дајмлер го блокирале договорот на Хамилтон од 50 милиони долари?

Дајмлер го блокирале договорот на Хамилтон од 50 милиони долари?

пред 4 години

Дајмлер, матичната компанија на Мерцедес и акционер во Ф1 тимот на „сребрената стрела“ го блокирале новиот договор на седумкратниот шампион Луис Хамилтон со годишна заработувачка од 50 милиони долари, тврди „Кориере дело спорт“.

Според италианскиот весник, тимот се договорил со Британецот во ноември пред Турското ГП на четиригодишен договор со 50 милиони годишно, но матичната компанија сметала дека се работи за преголема сума во услови на пандемија на КОВИД-19.

Дајмлер сега поседува само една третина од тимот на Мерцедес откако минатиот месец се направи преструктуирање на компанијата и купување на третина на тимот од страна на британската компанија ИНЕОС, додека последната третина е кај шефот на тимот Тото Волф.

Хамилтон и Волф постојано тврдат дека единствената причина зошто новиот договор не е потпишан, бидејќи имале други приоритети.

„Зошто немаме потпис? Поради едноставна причина – првата цел беше да се освои титулата, и да не се гледа на други работи. Потоа дојде КОВИД. Но, ќе биде наскоро“, изјави Волф минатиот месец.

Share
Scroll to Top