Две вработувања за три дена – Обрван го смени Шола на клупата на Загреб

Две вработувања за три дена – Обрван го смени Шола на клупата на Загреб

пред 4 години

ППД Загреб повторно има смена на тренерската позиција, откако Владо Шола си поднесе оставка, а негова замена ќе биде поранешниот македонски селектор Ивица Обрван, кој доби второ вработување во три дена, откако во средата беше именуван за селектор на Босна и Херцеговина.

Обрван е трет тренер на ППД Загреб оваа сезона, откако пред Шола на клупата беше уште една легенда на хрватскиот ракомет, Игор Вори, но резултатите не се подобрија, откако ППД Загреб ги загуби сите мечеви досега во Лигата на шампионите.

Share
Scroll to Top