Поранешниот голман, а сега директор на фудбалскиот клуб Рома, Морган де Санктис, доживеал сообраќајна несреќа, поради што морал да биде хоспитализиран. Локаните медиуми, објавија, дека 43-годишникот, имал фрактура на едно ребро и дека имал операција на абдоменот.
Според медиумите, Де Санктис, ќе остане во болницата неколку дена, за да биде под постојан лекарски надзор. Во моментов се наоѓа на одделението на интензивна нега.
Де Санктис кариерата ја заврши во 2017 година.