Елче ги шокираше „лилјаците“

Елче ги шокираше „лилјаците“

пред 3 години

Фудбалерите на Елче синоќа ја совладаа Валенсија со 2-1 во првиот меч од 7. коло во Ла Лига.

Во водство домашниот тим го доведе Фернандес Помарес кој беше најдоброоценетиот фудбалер на мечот. Тој во 19 минута го постигна голот за 1-0.

Во 37 минута веќе беше 2-0. Фидел одлично се снајде по една грешка на одбраната на „лилјаците“.

Во вториот дел Валенсија единствено што успеа е да го ублажи поразот. Тони Лато во 74 минута погоди за конечни 2-1.

Ова беше нов неуспех за Валенсија, која по 7 кола има само 2 победи.

Елче, пак, кој е нов прволигаш по пет одиграни меча има 10 бодови на петтото место во Ла Лига.

Share
Scroll to Top