„ЕСПН“: ПСЖ со парите за Мбапе ќе го носи Меси во Париз?

„ЕСПН“: ПСЖ со парите за Мбапе ќе го носи Меси во Париз?

пред 4 години

Аргентинскиот фудбалски ас, Лионел Меси летоска беше на излезна врата во Барселона, речиси готов беше неговиот трансфер во Манчестер Сити. Сепак одлучи уште една година да остане на „Ноу Камп“ затоа што Управата на Каталонскиот клуб не сакаше да го пушти да си оди за помалку од 700 милиони евра. Следното лето Аргентинецот е слободен играч.

Од Барса и понатаму се оптимисти дека ќе успеат да го наговорат кариерата да ја заврши во тимот од Каталонија.

Кандидатот за нов претседател на клубот, Тони Фреиха рече дека на Меси ќе му понуди нов договор, но со многу помали услови од актуелниот. Аргентинскиот фудбалер сега заработува околу 35 милиони евра по сезона, а поради финансиската криза, клубот не може да му исплаќа толкава сума.

Аргентински „ЕСПН“ јавува дека Меси би можел летоска да се пресели во редовите на ПСЖ. Наводно, претставници на францускиот клуб веќе контактирале со неговиот татко и започнале иницијални преговори.

Парите за ПСЖ не се проблем, а нема да претставува пречка ниту евентуалниот бонус за потпис ако се обвистини најавата дека Килијан Мбапе следното лето за сума меѓу 150 и 200 милиони евра ќе потпише за Реал Мадрид. ПСЖ со тие пари делумно би го покрил бонусот за потпис на договор со Меси, ако се знае дека во јуни идната година нема да треба да плати отштета за Аргентинецот.

Доколку Меси кој наскоро ќе наполни 35 години заигра за ПСЖ, тогаш повторно би се споило старото дуо, со Нејмар.

Share
Scroll to Top