Ефес имаше +21, па во драма подобри од ЦСКА за финале во Евролигата!

Ефес имаше +21, па во драма подобри од ЦСКА за финале во Евролигата!

пред 3 години

Анадолу Ефес се пласираше во своето второ финале во Евролигата, откако во драматичен финиш откако „прокоцкаа“ предност од 21 поен предност со 89:86 (25:15, 24:22, 22:18, 18:31) го совладаа актуелниот шампион, ЦСКА Москва.

Во „Ланксес“ арената во Келн, турскиот клуб имаше фантастичен старт, добивајќи ја првата четвртина со 25:15, а на полувреме отиде со 12 поени предност (49:37). Доминацијата продолжи и во третата четвртина, пред „Армејците“ да се разбудат и да обезбедат драматичен финиш. Тие успеаја да дојдат на само еден поен негатива (86:87) откако Василије Мициќ доби петта лична грешка, но обидот на Клајбурн за тројка беше неуспешен.

Мициќ, кој беше прогласен за МВП оваа сезона, беше најефикасен со 25 поени, 6 асистенции и 3 скока за Ефес, Родриг Бобоа имаше три тројки во првата четвртина за да комплетира 15 поени, додека Сертач Санли имаше 19 поени. Вил Клајбурн заврши со 26 поени зза ЦСКА, но утна два обиди за тројки во финишот на мечот, додека Даниел Хакет имаше 17 поени.

Ова е само второ финале во историјата на клубот од Истанбул, откако во 2019 година загубија токму од ЦСКА во борбата за трофејот во четвртиот настап на Фајнал фор турнирот. Тие сега го чекаат противникот во финалето по второто полуфинале (вечерва во 21 часот) во кое играат Барселона и Олимпија Милано.

Share
Scroll to Top