Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години се изрезили на ФИБА челинџерот во Софија.
Македонија доживеа тежок пораз од врсничките од Словенија 22:88. Словениките на полувреме водеа со 45:13.
Целата слика на дебаклот најдобро ја отсликуваат првата и последната четвртина во кои избраничките на Јелена Антиќ не постигнаа ниту еден поен.
Словенија првата четвртина ја доби со 34:0, а последната со 30:0.