Жестоки казни за Мекфи и Алкоба

Жестоки казни за Мекфи и Алкоба

пред 4 години

Возачите на Петронас СИЦ, Џон Мекфи и Гресини Рејсинг, Џереми Алкоба, останаа без пласман на вчерашната трка за Големата награда на Доха, во Мото 3 шампионатот.

Дирекцијата на трката ги казни поради инцидентот во кој учествуваа на четири круга до крајот на трката.

„Парично се казнети со 1.000 евра, а наредната трка двајцата ќе ја стартуваат од пит-лејнот. Мекфи ќе има казна од десет, а Алкоба од пет секунди“.

На четири круга до крајот на трката, Алкоба удри во моторот на Дерин Биндер, падна од моторот и го исфрли од патеката Мекфи. Потоа дојде и до физичка пресметка помеѓу нив двајца.



Share
Scroll to Top