Заврши славјето – Донарума е во Париз на официјализирање на трансферот во ПСЖ

Заврши славјето – Донарума е во Париз на официјализирање на трансферот во ПСЖ

пред 4 години

Довчерашниот фудбалер на Милан, голманот на италијанската фудбалска репрезентација, Џанлуиџи Донарума денеска дојде во француската престолнина каде го очекува официјално потпишување со француски ПСЖ.

Освен тоа, се очекува да има и официјална објава на трансферот како и фотографирање на новиот чувар на мрежата кој се обврза на договор со клубот од „Паркот на принцовите“ до 2026 година.

Се уште е непознато дали Донарума ќе е прв голман на „светците“ или, пак, во првата сезона ќе му биде резерва на Кејлор Навас.

Share
Scroll to Top