Збогувањето на Погба со Манчестер јунајтед нема да помине „лесно“

Збогувањето на Погба со Манчестер јунајтед нема да помине „лесно“

пред 3 години

Последните месеци од престојот на Пол Погба на „Олд Трафорд“ изгледа нема да бидат најдобри, откако Французинот беше исвиркан од дел од навивачите на „ѓаволите“ кога беше заменет при 2:2 резултат во второто полувреме.

Кристијано Роналдо го комплетираше хет-трикот со гол од слободен удар за важна победа на Јунајтед, но на насловните страници на британските таблоиди беше токму Погба и неговиот гест кон навивачите при замената.

Преодниот менаџер Ралф Рангник вели дека не сфаќа зошто Погба добил таква реакција од навивачите.

„Искрено, не ги слушнав свирежите, бидејќи зборував со мојот тренерски тим. Секогаш сум велел дека поддршката на навивачите е фантастична и атмосферата не можеше да биде подобра. Но, иако сфаќам зошто се фрустрирани и разочарани, нема смисла да целат кон одреден фудбалер. Одговорноста е колективна. Нема смисла и секогаш ќе ги штитам своите играчи. Покрај тоа, Пол беше одличен во првото полувреме“, изјави Рангник.

Share
Scroll to Top