Зверев продолжува со „маршот“ во Њујорк

Зверев продолжува со „маршот“ во Њујорк

пред 3 години

Четвртиот носител и минатогодишен финалист од САД опен, Александер Зверев продолжи со одличната игра на последниот календарски гренд слем, пласирајќи се во четврт-финалето по 6:4/6:4/7:6(6) победата над италијанскиот талент Јаник Синер. Во четврт-финалето, еден од најголемите фаворити за титулата, Зверев ќе игра со подобриот од мечот меѓу Американецот Рејли Опелка и Јужноафриканецот Рајан Херис.

Зверев направи брејк во петтиот гем што беше доволно да го освои вториот сет, за потоа и во вториот во клучен момент на 4:4, повторно направи брејк за водство од 2:0. Синер, еден од најталентираните млади тенисери на светот, не дозволи брејк во третиот сет, по што во тај-брејкот имаше 6:5 водство, пред да го загуби мечот.

Во четврт-финалето е и Швајцарката Белинда Бенчич, која со 7:6(12)/6:3 ја победи полската тенисерка Ига Швјонтек по 2 часа и 10 минути борба. Првиот сет беше „епски – Бенчич имаше предност од еден брејк, за потоа на 5:4 да загуби брејк, и да се отиде во тај-брејк. Швјонтек имаше 5:2 предност, по што Бенчич поведе со 6:5, но го зеде сетот дури со 14:12. Во вториот сет и беше доволен еден брејк за победа. Во четврт-финалето таа ќе игра со подобриот од дуелот меѓу Американката Шелби Роџерс и Британката Ема Радучану.

Share
Scroll to Top