Златните копачки на Бекам продадени за 17.000 фунти

Златните копачки на Бекам продадени за 17.000 фунти

пред 10 месеци

Златните копачки што ги носеше Дејвид Бекам на неговиот 100. настап за Англија се продадени на аукција за 17.360 фунти.

Копачките беа еден од 1.000 спортски предмети продадени во аукциската куќа „Греам Бад“ во Велингтонборо.

Бекам овие копачки ги носеше на Европското првенство против француската репрезентација во 2008 годинал, во Париз.

Аукционерот Адам Гаскојн рече дека цената покажува колку Бекам бил сакан како играч.

На копачките се извезени имињата на трите деца на Бекам: Бруклин, Ромео и Круз.

Гаскојн рече дека чизмите претходно биле изложени на Академијата Дејвид Бекам.

Share
Scroll to Top