Енис Барди, во летниот преоден рок, би можел да го напушти Леванте. Клубот од Валенсија има финансиски проблеми, поради што мора да продаде еден или двајца од најдобрите играчи.
Пред неколку дена италијанските медиуми шпекулираа дека великанот Милан се распрашува за услугите на македонскиот репрезентативец, а денес печатот на Апенинскиот полуостров објави дека и Торино сака да го види Барди во своите редови.
Барди во Леванте пристигна во 2017 година од Ујпешт.