Името на Рој Кин уште е „забрането“ во домот на Мик Меккарти

Името на Рој Кин уште е „забрането“ во домот на Мик Меккарти

пред 4 години

Поранешниот ирски селектор, Мик Меккарти, признава дека во неговиот дом уште е забрането да се споменува името на Рој Кин, дури 18 години по нивната легендарна расправија пред Светското првенство во 2002 година.

Пред турнирот во Јапонија и Јужна Кореја, Кин беше пратен дома од тренинг-кампот во Саипан, откако влезе во вербален напад на селекторот на само една недела пред стартот на турнирот. Кин и Меккарти оттогаш не зборуваат и тренерот открива дека во неговиот дом кој ќе го спомене името на Кин добива казна.

„Обично некој ќе го спомене, бидејќи некои моменти ги одбележуваат нашите кариери и животи. Дома имаме натпреварување и било кој кој ќе го спомене Саипан или другиот човек (Кин), добива награда за ‘Ку. на денот’“, открива Меккарти.

Што точно му кажал Кин на Меккарти? Според ирските медиуми тогаш ова е целата изјава: „Мик ти си лажго, ти си е.ан дрк.џија. Не те ценев како фудбалер, не те ценам како тренер, не те ценам како личност. Можеш да си го набиеш Светското првенство во задникот. Единствена причина што уште имам било каква работа со тебе е тоа што си ирски селектор. Можеш да си го набиеш тоа знаеш каде“.

По ова Меккарти на прес-конференција објави дека Кин е пратен дома. Ирска го освои второто место во својата група зад Германија и беше елиминирана во првата нокаут фаза од Холандија.

Share
Scroll to Top