Ирвин го најде наследникот: Лук Шо е најдобриот лев бек во Премиер лигата

Ирвин го најде наследникот: Лук Шо е најдобриот лев бек во Премиер лигата

пред 4 години

Лук Шо е најдобриот лев бек во Премиер лигата и е фудбалер од врна класа, вели поранешниот миленик на навивачите на Манчестер јунајтед, Денис Ирвин.

Поранешниот ирски бек е импресиониран од најдобрата сезона во кариерата на Шо, со 25 меча за Јунајтед во сите натпреварувања оваа сезона. Тој исто така блесна во последната 9:0 победа над Саутемптон, местејќи ги головите на Арон Ван-Бисака и Единсон Кавани, пред да биде повлечен во второто полувреме.

Оваа трансформација во играта на 25-годишниот Англичанец дојде откако Оле Гунар Солскјер го донесе Бразилецот Алекс Телес како опција за негова замена, и Ирвин е импресиониран.

„Тоа што дојде Алекс Телес го турна напред и тој беше навистина од врвна класа во последните неколку месеци. Знае да брани, знае да оди напред, а сега има и конкуренција во тимот. Лани го имаше Брендон Вилијамс и го крена нивото, сега со Алекс Телес уште повеќе тргна напред. Во моментов тој е најдобирот лев бек во лигата. Тука е и Бен Чилвел од Челси, Рајан Бертранд во Саутемптон и можеби Енди Робертсон“, вели Ирвин.

Share
Scroll to Top