Италија утна пенал во 90-та, ќе бркаат голови со Швајцарија, Англија пред портите на СП

Италија утна пенал во 90-та, ќе бркаат голови со Швајцарија, Англија пред портите на СП

пред 3 години

По неубедливото 1:1 реми на „Олимпико“ во Рим, Италија и Швајцарија ќе влезат во последното коло од квалификациите за Светско првенство бркајќи гол-разлика во мечевите со аутсајдерите, бидејќи се израмнети со 15 поени во групата Ц. Трагичар сигурно ќе биде Жоржињо, откако фудбалерот на Челси во 90. минута успеа целосно да го утне голот од пенал по фаулот над Берарди.

Англија пак, само невозможно реми против Сан Марино во последното коло може да ги оддалечи од Мундијалот, откако со 5:0 ја декласираа Албанија.

Силван Видмер ги донесе Швајцарците во водство во 11. минута, пред Џовани ди Лоренцо во 36. минута за израмни за актуелните европски шампиони. Со овој резултат, двете репрезентации имаат по 15 поени на врвот, а Италија има подобра гол разлика за два гола (13:2 во споредба со 11:2 на Швајцарија). Во последното коло, Италија гостува кај Северна Ирска, додека Швајцарија, условно има полесна задача бидејќи игра дома со Бугарија.

Во групата Ц, пак, Англичаните со убедливата победа над Албанија, обезбедена со хет-трикот на Хери Кејн во првото полувреме, ја заддржаа предноста од три поени пред Полска, која со 4:1 славеше кај Андора.  Англија гостува кај Сан Марино во последниот меч, додека Полјаците ја пречекуваат Унгарија.

КВАЛИФИКАЦИИ ЗА СП 2022

ГРУПА Ц

Италија – Швајцарија 1:1

Северна Ирска – Литванија 1:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Ф

Данска – Фарски Острови 3:1

Австрија – Израел 4:2

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА И

Андора – Полска 1:4

Англија – Албанија 5:0

Унгарија – Сан Марино 4:0

Standings provided by SofaScore LiveScore

Share
Scroll to Top